Во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција, изјави специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, за МИА.



Бучковски, кој се наоѓа во посета на Софија, вчера имаше средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерија Захариева, која му даде Акциски план, а кој допрва треба да биде разгледна од нашите власти.  Тој и Захариева  размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

Бугарското МНР вчера соопшти дека  Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Македонија.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера во интервју појасни дека дека тоа што вчера го добивме како одговор од Бугарија е всушност нивно гледање на нашиот Акциски план, односно размена на идеи по однос на тој план. Наредниве денови, рече тој, треба да го разгледаат внимателно, да видат што од тоа може да се реализира, што може да биде спорно, и потоа ќе имаат појасна позиција. Се работи за одговор на нашиот Акциски план, потенцираше Османи во интервју за ТВ Телма.