Брегзит ги остави британските шофери – без сендвичи

Холандска ТВ-мрежа сними гранични службеници кои конфискуваат сендвичи со шунка и друга храна од возачите кои пристигнуваат во Холандија од Велика Британија.



Согласно правилата по Брегзит на патниците од земји надвор од ЕУ им е забрането да носат месо и млечни производи, објави Би-би-си.

„По Брегзит, веќе не смеете да носите одредена храна во Европа, како месо, овошје, зеленчук, риба, такви работи“, му вели холандскиот граничен службеник на возачот на снимките емитувани од ТВ-мрежата НПО 1.

Откако возачот прашува дали може да го задржи барем лебот од сендвичите добива одговор:

„Не, сè ќе биде конфискувано – добредојдовте по Брегзит, господине. Жал ми е“.