Претседателот на САД, Доналд Трамп одобри вонредна состојба во главниот град на САД, соопшти Белата куќа по предупредувањата дека се можни немири пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден Трамп на 20 јануари.
На овој начин, Федералната агенција за управување со вонредни состојби може да „идентификува, мобилизира и обезбеди опрема и ресурси потребни за справување со последиците од вонредната состојба“.
Вчера, Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди на можни вооружени протести во сите 50 држави и главниот град на САД за време на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.
Демократите бараат Трамп да биде отповикан затоа што тој ги повика своите приврзаници да го нападнат Конгресот кога имаше 5 загинати.
Претставничкиот дом денеска ќе повика потпретседателот Мајк Пенс и членовите на канцеларијата на Трамп да иницираат процес на отповикување на претседателот според 25-тиот амандман, доколку тој не е во можност да ги извршува своите должности.
Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека претседателот претставува „директна закана“ за нацијата и „мора веднаш да биде сменет од функцијата“.






