Првиот вицепремиер Артан Груби го полеа со студена вода амбициозниот план за легализација на марихуаната на премиерот Зоран Заев, кој отворил дебата за тоа на владина седница.
„Дебатата траеше кратко. Ова прашање е нова иницијатива, не е во програмата на Владата. Добро е да се отвори дебата за ова прашање, широка дебата, да го слушнеме гласот на народот, а потоа ќе одлучиме, но, сепак, тешко е да се реализира засега“, изјави Груби во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.






