Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на денешната средба со специјалниот пратеник, Владо Бучковски, му предала ациски план за соработка со Македонија за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави БГНЕС.
Документот, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).
Направен е преглед на спроведувањето на голем број практични обврски, за што Бугарија констатирала задоцнување.






