Вицепремиерот Николовски повика да се пријави корупција, доби пријава за себе

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски се најде во незгодна ситуација откако ги повика граѓаните да пријавата корупција.



“Граѓаните да не се плашат да пријават корупција, државата сега е на нивна страна. Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година”, напиша Николовски на Твитер користејќи го хаштагот #Акција21 како што е наречена владината кампања.

На повикот на вицеприемрот тој доби веднаш пријава во која се зборува за него.

“Каде да пријавам корупција во форма на непотизам, тоест Вицепремиерот за антикорупција си вработил чичко и прв братучед во МНАВ без стручни квалификации за плата од 100 000 денари?”, прашува загрижен граѓанин по пораката на вицепремиерот.

Николовски не одговара на пријавата ниту открива каде точно граѓанинот може да го пријави за неговите дела.

Целата порака на вицепремиерот и сите коментари на твитот