Алијанса не го сака Насер Зибери за народен правобранител

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, на предлог на ДУИ, со седум гласа „за“ беше утврден за кандидат за народен правобранител на Македонија на денешната Комисија за прашања на изборите и именувањата.



На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.

Сурија Рушити од Алијанса на Албанците на седницата побара да биде прекината постапката за избор на народен правобранител и да се разговара за друг кандидат, кој би бил предложен од партиите во опозиција на Албанците.

Од АА и Алтернатива велат дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кадидат на ДУИ.

Сега останува Парламентот да го изгласа Насер Зибери со просто мнозинство за што се доволни гласовите од ДУИ и СДСМ.