Трамп нема да го дочека крајот на мандатот

Ненси Пелоси, спикер на американскиот Претставнички дом, вчќера најави дека ќе покрене постапка за импичмент на претседателот Доналд Трамп доколку потпретседателот Мајк Пенс не го отстрани од функцијата.



Пелоси рече дека Домот ќе се обиде уште денес (понеделник) да донесе резолуција со која ќе го повика Пенс и кабинетот на Трамп да се повикаат на 25-тиот амандман и да го отстранат Трамп од функцијата.

Го повикуваме потпретседателот да одговори во рок од 24 часа“, побара Пелоси.

„Потоа, ќе продолжиме со донесување закон за импичмент“, додаде таа.

Трамп е на пат да стане првиот претседател во историјата на САД на кој двапати му беше водена постапка за импичмент. Претставничкиот дом контролиран од демократите веќе гласаше за импичмент на републиканскиот претседател во декември 2019 година под обвинение за притисок врз неговиот украински колега Володимир Зеленски.

Сепак, Сенатот контролиран од републиканците го ослободи Трамп од обвинувањата во февруари 2020 година.

Џо Бајден треба да даде заклетва за претседател на Соединетите држави на 20 јануари.