Божиновски до Захариева: Пет од 12 месеци не можеме ни да стигнеме до некоја граница, не па да нападнеме

Божидар Божиновски, алијас Моџо Килингтон, ја успокојува министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, за наводните територијални претензии.



„’Паднато дрво го парализира сообраќајот во Маврово’

Захариева бара да дадеме гаранции дена немаме територијални претензии кон Бугарија. Госпожа, пет од 12 месеци не ни можиме да стигниме до некоја граница, не па да нападнеме“, реагира Божиновски на Фејсбук.