Телевизијата 24 објави дека македонскиот владин врв и претседателот Пендаровски од ноември го имаат но го кријат анексот од 12 точки кој бугарската страна бара да буде прифатен од Македонија.
Деновиве повторно се крена врева околу информацијата дека постои Бугарски Анекс од 12 точки, кој во вид на ултиматум за старт на преговори со ЕУ е доставен до македонската Влада. Ова го тврди бугарскиот вицепремиер Каракачанов, иако се уште нема прецизен одговор од македонската влада дали воопшто постои ваков Анекс.
“Во кратка порака, велејќи дека е премногу зафатен, Каркачанов за 24 тв објаснува дека Владата во Скопје го има документот уште од месец ноември и
според него, од тој документ зависат македонските преговори со ЕУ.
Но, што содржи Бугарскиот Анекс, дали ги допира идентитетските прашања и зошто досега не е објавен, се одговорите на прашањата кои Телевизија 24 ги побара од македонската Влада и МНР.
Оттаму, практично не добивме никаков одвор, туку дипломатски се насочуваат на фактот дека постои комуникација и тоа е се”, објави телевизијата денеска.
Целата информација на овој линк





