Спасовски на потег: Меѓуверска провокација и закани во Гостивар (ВИДЕО)

Непознато лице во Гостивар предизвикува меѓуверски тензии со извици во кои цели на христијанското население.



Непознатиот провокатор кој се снимал и видеото го објавил на социјалната мрежа Тик-Ток упатува погрдни зборови на граѓани кои шетаат на кејот на реката Вардар во Гостивар.

Насилникот при заканите и барањето граѓаните да си одат дома го користи зборот Каур со кој дел од граѓаните со исламска вера ги нарекуваат христијаните.

Во Гостивар каде најголем број од населението тврди дека меѓуетничките односи се добри, доминантно население се муслимани а христијаните се во малцинство.

Иако се работи за изолиран инцидент сепак фактот што дури 48 лица, пред се млади луѓе ставиле лајк на видеото треба да ги загрижи локалните и централните власти кои уште не реагирале на инцидентот.

Од видеото на Тик-Ток јасно се гледа кој е човекот кој го објавува видеото и врши вербално насилство и закана врз припадници на друга религија.

Министерот за внатрешни работи Спасовски доколку сака случајот може да го реши за многу кратко време.

Најчитано

Проф. Дескоски открива дека анексот со Бугарија ќе носи име “Протокол”