„Пред три месеци, во „Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија.
Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини“ реагираше на Фејсбул лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов потврди за постоење на анекс во интервју за бугарска телевизија.
„Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет“, пишува Мицкоски.
Тој прашува дали ќе се извини ли владата бидејќи ширеше лажни вести, и второ, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?







