Мицкоски бара извинување од Заев и неговата пропаганда за бугарскиот анекс (ВИДЕО)

Имам две прашања: првото, ќе се извини ли Владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?



Ови прашања ги поставува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов објави дека Владата во Софија испратила, засега таен анекс на договорот за добрососедство кој содржи 12 точки.

“Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет”, пишува Мицкоски кој бара извинување од Заев и неговите соработници за клеветите упатени кон него.

Во меѓувреме владата молчи за изјавата на Каракачанов.

Владата ги крие анексот и содржината на 12 точки испратени од Софија