Не се смирува: Земјотрес од 4,5 степени во Петриња

Силен потрес со магнитуда од 4,5 според Рихетр бил регистриран синоќа во хрватскиоит град Петриња и околината, кој во последните денови од минатата година беше разорен од потресот со магнитуда 6,2.



Потресот се случил во 22,29 часот, а медими јавуваат дека бил почуствуван и во делови на соседните БиХ и Србија.

Од разорниот потрес кој ја погоди оваа област на 29-ти декември 2020-та, сеизмолозите бележат повеќе десетина потреси дневно во областа на Петриња, Сисак и целата жупанија.