Владата ги крие анексот и содржината на 12 точки испратени од Софија

Македонските власти молчат за постоењето и содржината на анексот на Договорот за добрососедство со Бугарија кој во засега непознат термин, најверојатно пред Нова Година бил доставен од Софија.



Откако предходно негираа постоење на анекс кој сега го објавува официјална Софија молчат и премиерот Заев и вицепремиерот Димитров кој го преговараше оргиналниот договор а молчи и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ако се суди според индиректните коментари на бугарски извори дел од 12 точки за кои зборува Каракачанов се технички прашања кои можат да се решат без големи потреси но дел се директен удар врз македонскиот национален идентитет и обид да се “диаторизира” и македонската реалност но и историјата.

Дури и дел од бугарските националисти не гледаат како овие прашања можат да бидат прифатени во Скопје без огромни турбуленции во јавноста.

“Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме”, изјави завчера бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во телевизиско интервју.

Според него, Македонија имала шанса да одреди датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

Каракачанов додаде и дека Бугарија не ставила вето, туку едноставно посочила оти нашата земја не е подготвена за датум за преговори.

„Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министер.

Според него, Бугарија е за проширување на ЕУ на Западен Балкан, но процесот го поречува говорот на омраза кон сè што е бугарско.

Тој додава дека ваквата омраза се заснова на, како што вели, грубо и грозоморно фалсификување на историјата.

Македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров пред неколку дена изјави дека политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања, алудирајќи на парламентарните избори што во Бугарија треба да се одржат во март.

„Штом завршат изборите да бидеме подготвени да влеземе во тој процес, да ги убедиме, дека тоа што Бугарија го направи кога таа беше претседавач со ЕУ – го врати проширувањето на листата на приоритети на Унијата, не соодвествува со ова што сега ни го прави“, посочи Димитров.

Беше нападнат дека лаже а сега се потврдува постоење на таен анекс

Мицкоски бара извинување од Заев и неговата пропаганда за бугарскиот анекс (ВИДЕО)