Познатиот фудбалер со неговите мускули и убавото тело ги освојува дамите во целиот свет, а тие му се и главен адут во неговата работа. Многумина и до сега се прашуваа, и конечно можат да видат што појадува познатиот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо!
Португалецот кој за повеќето важи за вешт и одличен фудбалер одамна изјави дека појадокот не може да го замисли без свежо исцеден овошен сок и интегрални житарици, но при последната објава на социјалните мрежи можеме да го видиме со далеку побогат оброк. Всушност, Роналдо ја сликаше утринската гозба послужена во креветот во хотелот каде престојува, но судејќи според количината на храна, ова е појадок за двајца.



Во оваа богата трпеза Роналдо веројатно ужива со неговата девојка Георгина. Појадокот се состои од два различни видови на кафе, два овошени јогурта, шунка, сирење и овошје, плус сок во голема чаша за фудбалерот. На вториот подавалник е сад со тестенини, леб со авокадо и задолжително овошје.

Роналдо по овој обилен појадок оди на тренинг, а неговата девојка Георгина ужива и се одмора во бременоста.