„Се повеќе сме сведоци на пристрасно известување од медиумите блиски до власта, односно немање на дистинкција меѓу државата и партијата и координирани напади и притисоци кон независни професионални медиуми кои критички известуваат за работата на носителите на функции од владеачките партии. 



Последната координирана најава на владата и партијата СДСМ за борба против дезинформации е потврда на истото“, велат од Македонската асоцијација на новинари – МАН по најавата од владата дека со акциониот план 21 е содржана борбата против лажни вести .

Според МАН, ниту една демократска држава власта не определува која вест е лажна, бидејќи како власт е постојано извор и таргет на информации и  сите вести кои на власта не и одговараат таа може да ги прогласи за лажна вест, и во иднина да казнува.

Тоа е спротивно на член 16 од Уставот кој гарантира слобода на говор и јавно изразување, а спротивно е и на начелата за забранета цензура на вестите во Законот за медиуми, постестуваат од МАН.