Министерството за транспорт на Индонезија соопшти дека бил изгубен контакт со патнички авион откако полетал од главниот град Џакарта.
Боингот 737-524 со педесетина патници, се движел кон градот Понтианак на островот Борнео.
Четири минути по полетувањето поради обилниот дожд, авионот изгубил околу 10.000 стапки висина за помалку од 60 секунди, дознава Њујорк Тајмс.






