Обвинетиот и осуден за тероризам за случајот 27 април Јане Ченто на шеговит начин ги коментира настаните при упадот на американски граѓани во Конгресот на САД кои ги поврзува со настаните во Македонија.
“Обвинтелке Русковска, не сме ние!
Само да Ве потсетам на тоа, да не Ви текне и за овој упад да не обвините како што ни монтиравте случај за 27ми април за тероризам”, пишува до обвинителката која го обвини за тероризам со доза на иронија внукот на првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто кој одлежува затворска казна за тероризам во траење од 15 години.
Единствениот наводен аргумент на обвинителството и судот за пресудата беше сведочењето на сведокот познат како Нинџа чиј исказ падна целосно во вода откако судски вештак потврди дека сведокот по 4 промени на исказите воопшто не ја кажувал вистината кога тврдел дека бил во зградата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ченто и во затвор не го губи духот, во пораката тој ги користи хаштазите: #ПравдаЌеИма ?? ⚖️ ?? #GodBlessMacedonia ??
#GodBlessAmerica ??






