Според анализа на одговор од Министерството за образование за реформата во образованието објавена на ТВ Телма, јавна дебата за реформата во основното образование нема да има.
И покрај официјалните ставови на сите релевантни институции според кои најавената концепција не е добра, а дека реформа треба да има, министерката Царовска по секоја цена без да ги слупа критичарите продолжува со планот за реформа со кој меѓу другите промени ќе се укине посебниот предмет историја.
Според одговорот од МОН Царовска и нејзиниот тим ќе ги земат предвид само оние писмено доставени забелешки до 20 јануари кои ќе бидат во насока на подобрување на веќе најавената реформа. Тоа значи само забелешките на оние кои ја поддржуваат, а другите не.
Од МОН велат дека ги зеле предвидените забелешки од странски организации и институции. Останатите ако сакаат да учествуваат во реформата ќе мора да се откажат од своите забелешки и да ги прифатат тезите на Царовска ако сакат да бидат слушнати во процесот.
Целата информација на Телма






