МВР до Јавното обвинителство поднело кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата по повод роденденот на нивниот партиски лидер, Али Ахмети, што се одржа во новиот барокен објект на Министерството за политички систем, без маски и дистанца.
„Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување казни на државни функционери, барем мене или на ова раководство на МВР не можете да му забележите. Од премиерот, заменик-премиерот, министерите“, сите до еден досега имаат казни поради тоа што направиле одредени превиди што треба да ги санкционирам“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска.



Обвинителството понатаму треба да одлучи дали имало кривично дело.