Демократската партија на Србите во Македонија за најавениот попис бара да се примени препораката на Еуростат дека не се попишуваат сите кои имаат државјанство, туку само резиденти, вели во интервјуто за српскиот дневен весник „Политика“ Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ.
„Заради примената на ваквата наша препорака, Албанците се побунија сред пописниот процес во 2011 година бидејќи не беа задоволни, па пописот беше прекинат, а за бројноста на секоја од националните заедници се зборува врз основа на пописот од 2002. Според овој попис бројноста на Србите во Македонија е околу 36.000. Ќе биде голема борба. Очекувам да се потврдат бројките и доколку е тоа можно истите да бидат поголеми, под услов да бидеме во состојба да го контролираме пописниот процес. Ако тоа не биде случај, нема ни да го признаеме пописот”, вели Стоилковиќ.
Тој вели дека има разни техники за лажирање на резултатите од пописите и за систематско намалување на бројот на Србите во Македонија, а со тоа и нивното влијание во јавниот и политички живот на државата за сметка на други. Вечер






