Австриски професор ги нарече Дурловски, Ченто и др. фашисти и ги возбуди духовите

Австрискиот професор Флоријан Бибер предизвика тензии на социјалните мрежи во Македонија, на Балканот и пошироко откако вчерашните случувања во Вашингтон ги спореди со тие на 27 април во Македонија и на двата им даде фашистички предзнак.



Според Бибер кој е поддржувач на левичарски идеи и дава поддршка на владата на Заев и вчера во Капитол и на 27 април во Собранието тензиите и насилството ги предизвикале фашисти.

“Кога фашистите го напаѓаат парламентот” напиша Бибер на сликата која е комбинација од луѓе во американскиот конгрес и македонскиот парламент по што се развива жестока дискусија во која меѓу другото професорот добива и незгодни пораки од цел регион но и од САД.

Во моментов во македонските затвори лежат дваесетина луѓе осудени на затворски казни од над 200 години за терористичко здружување против уставниот поредок. Осудени се по изјава на сведок кој 4 пати го менуваше исказот за на крајот да се утврди дека целосно лажел кога тврдел дека изворно чул и видел кој го организира упадот во Собранието.

Во Собранието упадна и Игор Дурловски за кого обвинението немаше докази дека предизвикал насилство. Сепак Бибер и него индиректно го нарекува фашист.

На регионално ниво ова е еден од твитовите за настаните во Вашингтон што доби најголем публицитет вчера и денеска.

Очекувано дел од реакциите на твитот се однесува и на фашистичката историја на земјата од каде што доаѓа Бибер.

Сите коментари во твитот