Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го осуди упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата во Капитол:
„Така се оспоруваат изборните резултати во банана републики, а не во нашата демократска република“, изјави Буш како што пренесуваат медиуми
„Јас сум згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери од изборите и недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашето спроведување на законот, што можеше да се види денеска“, наведе Буш во изјавата во која не се споменуваше името на Трамп, но јасно се препознава на кого се однесува, јави Си-Ен-Ен.






