Вечер: Историја ќе нема!?

На веб-страната за новиот нацрт наставен план за основно образование, предметот Историја го нема. Единствено во една реченица е објаснето дека историјата му припаѓа на предметот општествени науки, објави Вечер. 



Едната група ја сочинуваат задолжителните предмети Македонски/Албански/Турски/ Српски/ Босански јазик, Математика, Природни науки, Општествени науки и Англиски јазик.

Предметот општествени науки опфаќа науки што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанско образование, религиите, етиката итн.

Експертите беа изрично против намерите и најавите да се укине предметот Историја и да се фрли во куп на опшштествени и хумантарни науки. Но, документите покажуваат дека работата е завршена, Иторија нема да има, пишува Вечер.