Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се приклучи на божикните честитки и посака на сите граѓани годинава да им биде поуспешна и да биде година на обединување.
„ Да биде година, како што кажаа и во честитката од Македонската православна црква, кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме. Година која очекувам да биде победничка, како што тоа го кажа, и би рекол поглаварот на МПЦ, година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, во којашто ќе излеземе од секојдневните проблеми што ни се случуваа работите во 2020 година, тука пред се, мислам на пандемијата и ефектите на пандемијата врз сите други области во државата“, рече Мицкоски кој претпладнево присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.






