Вчера вечер во селото Брвеница, Тетовско се приведени Отецот Ивица и членови на одборот за чествувањето на Големиот Православен празник- Бадник!!!
Ова го објавуваат очевидци на настанот на социјалните мрежи.
“До тамо дојде работава, отецот да го приведете….Нека Господ ви се смилуе….од нас страм и арам да ви е!!! Не сте свесни дека со тоа спасение му даруете….верата наша е Исповедна, Отецот Ивица ке ја исповеда нашата вера….Ни од Бога не се плашите,а посни трпези окачуете по мреживе….Лицемерни сте,жално и трагично по вас….?
☦️Слава на Бога во висините и на земјата мир,меѓу луѓето добра воља!!!
Само вие ни тоа не го знаете, измеќари на лукавиот му станавте….
Вие не можете да повредите колку мие можемо да издржимо у име на Бога…”, пишува еден очевидец на настанот.
Завчера полицијата апсеше организатори на бадникарски оган во Скопско а во Кривогаштани беа ангажирани пожарникари да го згаснат огнот.
Пред три дена раководството на ДУИ беше присутно на роденденска журка во чест на лидерот на ДУИ која се случи во новата зграда на министерството за политички систем кое го води Артан Груби.
Иако и тогаш важеа мерките според кои се забранети сите јавни собири никој од присутните ниту од обезбедувањето на зградата не ги спречи или уапси функционерите на ДУИ за кршење на законот.
Меѓу присутните беше и заменик министер во МВР од ДУИ.
За разлика од Ахмети, Џафери, Груби или Османи полицијата веднаш реагираше и го привела отец Ивица од Брвеница.
Линк до сведоштвото на верник од Брвеница
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222119061558579&id=1624148680&sfnsn=scwshmohttps://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222119061558579&id=1624148680&sfnsn=scwshmo





