Димитров: Американската демократија, волјата на народот и владеењето на правото ќе надвладеат

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров се огласи за насилството во Вашингтон по демонстрациите за поддршка на претседателот Доналд Трамп.



„Шокантните сцени кои се одвиваат во Вашингтон се вознемирувачки потсетник дека дури и во САД демократијата не може да се земе здраво за готово. Американската демократија, волјата на народот, владеењето на правото ќе надвладеат. Ова е исто толку критично за оваа голема нација, како и за демократијата низ целиот свет“, објави на Твитер ексминистерот за надворешни работи.