Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти повисоика дневница од обичен работен ден, побара денеска ССМ од газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат.



,,За  работа  во  денови  на  празници  и  неработни  денови  утврдени  со  закон,  работникот  има право  на  надомест на платата  што му припаѓа кога во тие денови не работи  и  плата за поминатите  часови  на  работа  зголемена за  50 отсто”, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 отсто за работник кој работи на Државен празник!“, се вели во соопштението од ССМ кои потсетуваат дека е тоа согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор .