Замислете да имате срцев удар и да ве собере брза помош што нема да ве однесе во болница.
Или да имате потреба од итна медицинска помош и да чекате пред собата за итни случаи со часови.
Ова е она со кое округот Лос Анџелес се соочува бидејќи нападот на Ковид-19 ја уништува заедницата – вклучително и оние без коронавирус, јавува Си-ен-ен.
„Нашите здравствени работници се физички и психички исцрпени и болни“ велат од болниците.
Речиси 7.900 луѓе се хоспитализирани со Ковид-19 во округот Лос Анџелес. И 21% од нив се на оддели за интензивна нега, изјавија официјалните лица во вторникот.
Бројот на болнички пациенти порасна за повеќе од 200 од понеделникот. Во вторникот беа објавени нови 224 смртни случаи, со што вкупниот број во округот достигна повеќе од 11.000.
На екипите на брзата помош во округот ЛА им е кажано да не носат пациенти со мали шанси за преживување во болниците.
Наредбата што Лос Анџелес ја издаде во понеделникот веднаш стапи на сила и важи за сите возрасни пациенти кои имаат мали шанси да бидат спасени во болница.
Лос Анџелес е најтешко погодената област во САД од почетокот на епидемијата со 818.000 заразени и над 10.700 починати од ковид-19.





