Бугарија доби поддршка од претседавачот со ЕУ за ветото кон Македонија

Официјален Лисабон и дава поддршка на Бугарија за својот однос кон Македонија.



Португалија ќе се однесува претпазливо кон прашањето за проширувањето на Европската Унијата, изјави денеска Нуно Брито амбасадор во Европската Унија кој ја претставува Португалија земја која до јули претседава со ЕУ.

Амбасадорот Брито потенцира дека португалското претседателство, кое раководи со Советот на ЕУ во првите шест месеци од 2021 г. нема да брза и да предлага нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето.

Заорашан како го оценува однесувањето на владата во Софија, која со своето вето го блокира почетокот на пристапните преговори со Македонија, амбасадорот Брито, како што јавува бугарската државна агенција БТА, одговорил дека „не е во ред да се обвинува Бугарија за попречување на процесот, бидејќи токму таа држава е еден од силните поддржувачи на проширувањето на ЕУ”.

Ваквата изјава на официјална Софија и дава одлична позиција пред продолжувањето на разговорите кои ги најавува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Практично со оваа изјава Софија доби институционална поддршка во претседавачот со ЕУ и нема потреба да се повлекува од своите позиции кои од повеќе други земји членки беа предходно индиректно критикувани.

„Потребна е едногласност за донесување одлуки во оваа област, а дискусијата за проширувањето продолжува на високо политичко ниво“, ја пренесува БТА изјавата на амбасадорот на Португалија во ЕУ, Нуно Брито.

Со оваа втора изјава Брито во име на Португалија упатува две пораки. Амбасадорот и во име на ЕУ до Јули укажува дека доколку Македонија не ги прифати налудничавите барања на владата во Софија Бугарија има право да блокира.

Втората порака во која не се споменува воопшто случајот Македонка туку проширувањето како процес укажува на можност дека за приемот на нови членки генерално ќе има нова дебата откако предходно исто така на високо политичко ниво на барање на Франција беше прифатена новата методологија со кока беше отворен патот за проширување со држави.

Кој ќе учествува во дебатата за проширувањето и што таа ќе содржи не откриваат ни Брито ниту БТА.

Она што е јасно од извештајот дека за разлика од проширувањето фокусот на португалското претседателство во овој мандат, како што најавува Брито, ќе биде подобрување на односите со Африканскиот континент и изготвување нови миграциски правила на ЕУ.

Според него, од Португалија, исто така, може да се очекува да ги продолжи напорите започнати под германското претседателство и поврзани со одобрување на новиот европски буџет, економското закрепнување од пандемијата, како и заедничките активности на земјите од ЕУ за контрола на ширењето на коронавирусот.

Последна вест

Турни го ѓубрето под тепих и направи ново

Ван Ден Берг: Дожд од планови – место да ги спроведе Владата ги ребрендира старите