Затаракоски: Џабе ќе ја барате паричката, кај ДУИ е падната!

Иљче Затаракоски во свој стил го поврза еден од бадникарските обичаи со парите што досега ги потрошило Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците:



„’100 милиони евра за 13 години потрошил Секретаријатот за Рамковен или по ново: Министерство за политички систем’.

Џабе ќе ја барате паричката, кај ДУИ е падната!“.

Бадник и Ахмети охриѓанецот ги спои во уште една објава на Фејсбук:

„ЧУДО: МВР дозволило бадникари да слават откако во огнот се појавил ликот на Али Ахмети!“.