Во последните 24 часа се направени 2.431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.




