За време на пожарот во „Глобал“, хидрантите биле неупотребливи

Вчера попладне заврши увидот на истражните органи предводени од Јавното обвинителство во кој беа вклучени и преставници од крим техника на МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, вештаци од повеќе области од Противпожарната единица на Струмица. Дваесетина инспектори и вештаци прибираа докази, обезбедуваа матријали за да ги утврдат причините за големиот пожар. Не се откриваат детали од увидот.



Единствено што е познато е дека пожарот избувнал кај влезот за дотур на стока од каде се проширил насекаде, но и дека хидрантите во „Глобал“ биле неупотребливи, за што потврдија и струмичките пожарникари.

„При последната контрола беше констатирано дека хидрантите беа исправни и функционални и редовно сервисирани. Но, најверојатно по нашата контрола и во критичниот период тие биле исклучени од главната шахта која е надвор од објектот, што ќе биде предмет на дополнителна истрага“, кажаа од Дирекцијата за заштита и спасување откако струмичките пожарникари објавија дека хидрантите не биле функционални.

СДК