Повеќе од 75 години, Скопје го брише овој збор од духовната суштина на преродбениците и револуционерите и така нивниот идентитет стана предмет на лесна манипулација според познатата „научна“ методологија. Оваа практика беше насилно воведена во 1944 година и продолжува до денес, и покрај 30 години независност. Проблемот виси како дамоклов меч над главите на државниците, политичарите и целото општество во РС Македонија.



Бугарија веќе го кажа својот збор – пишува Иван Николов, редовен колумнист на БГНЕС, новинар, публицист и издавач а повод е интервјуто на пртемиерот Зоран Заев за МИА.

Николов вели дека го пртепознава добриот тон во изјавата на Заев „Патриоти се оние кои обезбедуваат, обезбедуваат и штитат македонски идентитет и јазик…“ и во опширната елаборација вели:

„Проблемот е во тоа што македонската држава, која се појави по Втората светска војна и изгради национален идентитет, јазик и култура исклучиво врз идеолошка основа, тврди дека е легитимен наследник на целата духовност создадена со векови на оваа територија надвор од нејзините политички рамки. Ова тврдење е изнесено преку „научна“ методологија, која не избира средства за бришење и искоренување од меморијата на генерациите, зборот „бугарски“

Тој се обраќа до македонските политичари и вели: „Господине Пендаровски, господине Заев, господин Мицковски, господа господа научници од МАНУ, господа политичари, новинари, луѓе, зошто се понижувате продолжувајќи да служите анти-научна и неморална доктрина, чија цел е да ги држи целите генерации во мракот на незнаењето! Да РС Македонија е реалност и вие сте нејзини граѓани и лидери.

Сакате да се нарекувате Македонци, да зборувате македонски. Кој ви пречи! Но, немате право да го злоупотребувате сеќавањето на светлите личности на нашата преродба и револуционерни борби кои одамна се преселија во задгробниот живот.

Сите, еден по еден, се нарекуваа „Бугари“, а вие тврдоглаво, според рецептот на Колишевски, Моисов, Конески, Узуновски, Гигов, херојски ги преименувавте, газејќи ги елементарните принципи и на науката и на моралот.

Дали сакате да влезете во Брисел со овој багаж?