На три дена пред нова година министерот за полиција Оливер Спасовски ги повика сите граѓани да пријават лица кои ги кршат владините мерки за заштита од Ковид-19.
“Пријави кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk”, напиша министерот Спасовски во апелот до јавноста.
Пријави кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk pic.twitter.com/1gy44FvF2o
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) December 28, 2020
По седум дена на ист начин на кој апелираше до јавноста тој доби пријава за прекршување на здравствените протоколи.
На неговиот ТВИТ од 28 декември некој граѓанин поднесува пријава против група луѓе кои седат во затворена просторија и не носат маски.
“Пријавувам кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки – роденден одржан на 04.01.2021 на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други во простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците”, пишува во пријавата до Спасовски.
Пријавувам кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки – роденден одржан на 04.01.2021 на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други во простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. pic.twitter.com/nE4bMX9f2j
— 🅰️псаана (@aps_aana) January 5, 2021
Луѓето кои се пријавени се членови на политичката партија ДУИ а нивниот собир никаде не е заведен како официјален настан на владата.
Но дури и да е официјален настан тие согласно протоколите морале да носат маски и да бидат оддалечени најмалку 2 метри еден од друг, нешто што не го прават.
На потег е министерот Спасовски кој сега има и официјална пријава но и информации по допрен глас.
Од него зависи дали ќе го спроведува законот или ќе мора да живее со фактот дека заради партиски и политички причини не покренува соодветни постапки за граѓани за кои е јасно дека ги кршат здравствените протоколи за кои самите гласале во владата.
Со непостапување по пријавата или по допрен глас Спасовски потврдува дека во Македонија владее систем на некзнивост, на дискриминација, на селективна правда и невладеење на правото.
Истото важи и за јавниот обвинител Јовески кој по допрен глас може да преземе дејствија против луѓето кои во опасноста го ставаат јавното здравје, кривично дело за кое обвинителството има целосни ингеренции да преземе мерки и да поднесе кривична пријава






