Премиерот Зоран Заев вечерва соопшти дека има најави за 200.000 вакцини од Кина во јануари.
„Имаме најава и за договор со Кина за 200.000 вакцини. Тие најавуваат за јануари ама се уште не знаеме, допрва треба да ги разгледаме условите“ изјави Заев во гостување на Сител.
„Кина има 5 вакцини кои ги поминаа фазите на тестирање и веќе се дистрибуираат надвор од Кина и уште 2 кои што се во фаза на тестирање целосно потврдени од СЗО. За нас е тоа важно и важно е час поскоро да стигнат сите вакцини бидејќи ќе се намали притисокот“, кажа Заев.





