Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван Ден Берг ги коментира новите планови на владата за спроведување на европските цели.
Тој ги критикува владеачките СДСМ и ДУИ затоа што постојано измислуваат нови планови без да ги спроведат старите.
“Врнат планови. По „План 21“ (наследник / повторувач на План 18 / План 12 / План 3-6-9) оваа недела „Иницијатива 8“ (стар план на Коридор 8) + „Преспа форум за дијалог“, со научени лекции за надминување на билатералните прашања . Се плашам дека “Дијалогот КОСОВО-СРБИЈА и МАКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА сè уште ќе биде на јунската агенда (на ЕУ).
Очигледно, нема ништо лошо во рехабилитацијата на старите планови и нивно претставување како „нова политика“ но само ако некој прво ги спроведе своите (31/18/12 / 3-6-9) планови и ги спроведе старите обврски (Коридор 8), пред да започне нови амбициозни програми (по неуспехот на дијалогот МК-БГ)”, пишува холандскиот експерт.






