Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од денес функционира во нови простории, односно во нов објект.



Во Министерството на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби се вработени 1.410 луѓе а на работа одат само 44 од нив, но притоа сите земаат плата, дознава ТВ24.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби рече дека со овој објект во вредност од 14 милиони евра Министерството за политички систем, обезбедува успешно функционирање на политичкиот систем, како и реализација на стратешките приоритети што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор и истовремено се обезбедила подобра координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој договор.

На увидот на вселувањето премиерот Зоран Заев рече дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите. Заев изрази надеж дека новата зграда е технички исправана и ќе може да се користи со полн капацитет.

Зградата што Владата за десет милиони евра ја откупи од претпријатието за станбен простор а во која требаше да биде сместена Антикорпциската комисија се наоѓа веднаш до министерството за надворешни работи.

На свеченото примопредавање на зградата денеска заедно премиерот, г. Зоран Заев, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, претседателот на Собранието г. Талат Џафери, првиот вицепремиер г. Артан Груби и вицепремиерот Лупчо Николовски.