Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, ги нарече „мрчатори од ДПМНЕ“ сите што ја критикуваа неисправноста на хидрантите во опожарениот трговски центар „Глобал“ во Струмица.
Нискиот удар не требаше да помине долго за да биде возвратен, и тоа од луѓе што нагласуваат дека немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од другите реакции под објавата на Твитер од Костадинов:
„Дивоградба беше, мајсторе. Имаше и кривична, и аболиција, и сè. Мал си ти, си подзабораил“;
„Која е разликата помеѓу немање противпожарен систем и поседување на нефункционален систем? Треба ли конечно некој за нешто во оваа држава да одговара?“;
„Не се сеќаваш како е граден. Тогаш беше во градинка. Простено ти е“;
„Исто така не може законски да се изгради нова зграда без паркинг, па… Сте биле во Дебар Маало? Приказни за мали деца“.





