,,Арам пари“, ,,ГоспоТ(д) гледа“, ,,Божја правда“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи под текстовите кои известуваат за големиот пожар кој доцна синоќа го зафати трговскиот центар Глобал во Струмица, пренесе порталот Струмица денес.



Некои струмичани на своите ФБ профили реагира за начинот на кој се однесувале дел од жителите на овој град, кои со раце во џебот или со мобилните во раце, снимале и гледале сеир или се сителе за пожарот.

Пожарот утрината е локализиран, но материјалната штета е огромна.