Вучиќ откри дека година и пол бил прислушуван

Претседателот на Србија, во интервју за „Курир“ откри дека бил прислушуван една и пол година, дека знае кој стои зад тоа и верува дека надлежните органи ќе го испитаат сето тоа.



Безбедносните експерти велат дека е потребна итна и темелна истрага, пренесува весникот.

Вучиќ исто така изјави дека има докази за неговите тврдења: негови снимени разговори.

Според соговорниците на Курир, прислушувањето на претседателот на една земја е сериозно кривично дело и обид за уривање на уставниот поредок.

Како што велат, тоа е државен удар, и потребна е темелна истрага и епилог на целата приказна, пренесе Б92.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави денеска дека службите работат на истрага на тој случај.

„Вучиќ не го рече тоа заради политички маркетинг, туку затоа што тоа е вистина. Претседателот ја кажа вистината и на нас е да ја потврдиме таа вистина“, изјави Вулин за ТВ Прва, додавајќи дека надлежните служби го информирале претседателот за тоа.