Од пандемијата настрадаа и странските инвестиции

Приливот на странски директни инвестиции во 23 економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа e повеќе од преполовен во првата половина од годинава.



Но земјите од Западен Балкан имаа многу помал пад, покажа новата анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW).

Во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) во првите шест месеци од 2020 година, странските директни инвестиции се намалени за 58 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, додека на глобално ниво имаше помал пад од 49 отсто, според УНКТАД.

Сепак, падот во регионот на CESEE беше помал отколку во развиените економии, каде што се проценува на 75 отсто. Намалувањето на приливот на странски директни инвестиции не влијаеше подеднакво на земјите од CESEE и на Западен Балкан падот беше осум отсто, во земјите на ЕУ-ЦЕЕ 35 и во Заедницата на независни држави плус Украина и Турција околу 40 отсто.

Повеќе