Од компликации предизвикани од коронавирус во последното деноноќие во Македонија починаа 12 лица, а регистрирани се и нови 46 позитивни случаи од 378 направени тестови.
Петмина од починатите се од Скопје, на возраст од 53, 71, 72, 74 и 69 години, двајца од Гостивар (70 и 65) и по еден од Прилеп (72), од Тетово (53), од Кавадарци (52), од Струмица (72) и од Делчево (78).
Со нив бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во земјава достигна 2.522, а бројот на заболени се искачи на 83.789.
Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти.
Во моментов има 18.798 активни случаи.





