Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека се обезбедени 500.000 дози вакцина Пфајзер и дека одредена сума ќе биде донирана на Косово.
Првите дози на вакцината, вкупно 10.750, ќе пристигнат во Албанија „на почетокот на третата недела од јануари“, а другите дози ќе бидат доставени во февруари, пренесува Радио Слободна Европа.
„Ова е најдобриот можен почеток на годината“, рече Рама. Тој ја критикуваше Европската унија, која, како што рече, ги остави настрана земјите од Западен Балкан кога станува збор за набавка на вакцини против вирусот корона и истакна дека Албанија „нема да му сврти грб на Косово“.
Ќе донираме „одредена сума на Косово со цел да ги вакцинираме здравствените работници во болниците во Приштина, така што хероите во Косово можат да започнат вакцинација истовремено со нашите херои“, рече премиерот на Албанија.





