Стотици жители на Посушје се собраа синоќа да им оддадат почит на осум млади кои загинаа во трагедијата што се случи на новогодишната ноќ.
Според локалните портали, голем број од нив плачеле, изговарајќи имиња на четирите девојчиња и четири момчиња кои се задушиле во куќа недалеку од градот.
Свеќи се палат и денеска.
Осумте млади луѓе се задушија со гас за новогодишната ноќ. Ги пронашле пријатели од соседна куќа. Се отруле од отровниот гас од генераторот што работел во куќата каде што биле затворени сите прозорци.






