Илиевски за сонцето од Кутлеш во Виенска филхармонија: Пуштете брусилки и ваму, тикви неопеани

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, со коментар за сонцето од Кутлеш во салата на Виенската филхармонија, кое го фати камерата за време на директниот пренес од денешниот новогодишен концерт.



„Па, нормално е во салата во која доминирал Херберт фон Карајан, од Егејска Македонија, да си ја има и ѕвездата од Кутлеш.

Нашето прво знаме со чија промена започна ништењето на идентитетот, кое продолжи со срамната БЈРМ, уште посрамното создавање две различни Македонии со преспанскиот, најсрамната промена на името насилнички и со уцени контра волјата на народот… и финалните епизоди по договорот кој на комшииве им го потпишаа ЗЗ и НД.

Пуштете брусачи и ваму, тикви неопеани“, напиша Илиевски на Фејсбук.