Во последното деноноќие од Македонија починаа седум лица од Ковид-19, а регистрирани се и уште 414 позитивни случаи од 1.619 направени тестови.
Тројца од починатите пациенти се од Скопје на возраст од 81, 69 и 63 години, а по еден од Велес (79), од Битола (70), од Охрид (53) и од Кочани (63).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата во државава изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи 19.290.





