ЈО до медиумите сподели несекојдневно писмо-честитка од осомничен до обвинител, чии идентитети не се откриваат:
„Предметот кој е во ваши раце а во кој јас ја имам главната улога е случка која мене ми го промени животот, за жал во погрешна насока, но отсега повеќе ќе внимавам што ќе правам и ќе размислам пред да реагирам“ вели осомничениот во писмото исповед напишано на рака.
„Се надевам дека наредниот пат кога ќе се видме, главна тема нема да бидат членови и точки од Кривичниот законик или пак термини за судење туку ќе има весели моменти за славење“, пишува осомничениот во писмото – честитка, на крајот посакувајќи му на обвинителот здравје, среќни празници, весели момент во животот и многу завршени предмети.







