Четири момчиња и четири девојчиња, средношколци од четврт клас и студенти се задушиле синоќа за време на новогодишен пречек во Босна.
Полицијата, обвинител и другите служби се на терен, спроведуваат истрага и ги утврдуваат причините за несреќата која се случила во куќа близина на езерото Трибистово, каде осум млади луѓе од местата Ракитно и Посушје ја чекале Новата година.
Според неофицијални наводи, младите најверојатно биле задушени од гас од генераторот што ја снабдувал куќата со електрична енергија.
Градоначалникот на Посушје Анте Бегиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите.
“По повод трагедијата во која синоќа во Посушје згаснаа осум млади животи, изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Исто така, ги замолуваме сите сопственици на ресторани да престанат да работат во знак на почит кон жртвите”, се вели на веб-страницата на општината.






